top of page

ЗА НАС:

Shopping Basket
icon_edited.png
Untitled-2255-02.png

                                          e водечки малопродажен ланец на супермаркети во нашата земја, кој повеќе од 30 години настојува на своите потрошувачи, со својата разгранета мрежа, да им ги понуди најдобрите производи и услуги со врвен квалитет и одлични цени.

 

На полиците секојдневно може да се најде широк асортиман на повеќе од 30.000 производи од различни категории, меѓу кои се вбројуваат производите од сопствениот бренд EXTRA, како и странски увозни брендови на производи и деликатеси, достапни единствено во Tinex маркетите.

 

Со цел на купувачите на едно место да им се понуди комплетна услуга и целосно да бидат задоволени нивните потреби, во склоп на повеќето супермаркети се наоѓаат и многу други трговски објекти како дрогериите Cosmo, Tinex TO GO, Tinex Home, Tinex Delicatessen, Retail Park GODI и продавници SPOT. Тинекс секогаш е насочен кон примена на најновите технологии и принципи на управување, кои се насочени кон усовршување на потрошувачкото искуство и максимизација на задоволството од пазарењето.

 

Денес, семејството на Тинекс вклучува 43 супермаркети во 10 градови низ Македонија, 7 Cosmo дрогерии, 4 TO Go ресторани,2 Daily ресторани, 2 HOME продавници на мебел и декор, 1 игротека Big Bang, 1 Retail Park GODI, 2 SPOT продавници, сопствен логистичко - дистрибутивен центар, погони за производство на готови јадења и обработки на месо и др. Останатиот, и најзначаен дел од семејството на Тинекс го сочинуваат над 1200 вработени, над 200.000 потрошувачи и 2000 соработници, без кои секоја цел би била залудна и неостварлива.

Во 2015г. Тинекс го прошири своето семејство на маркети со отворање на сосема нов концепт на маркет  наречен Delicatessen Tinex.  Delicatessen Tinex  е маркет за вистинските љубители на храна, деликатеси и пијалоци од целиот свет, кој нудат вистинско гастрономско уживање. Покрај редовниот асротиман на производи, во маркетот може да се најдат производи од светски брендови на сирења, месо, зреено месо, сувомеснати производи, вина и други специјалитети и деликатеси.

„Tinex Тo Go“ се кафетерии кои нудат голем избор на салати , вкусни сендвичи, пијалаци и десерти подготвени од најквалитетни свежи сосотојки. Во моментот Tinex Тo Go е застапен на 5 локации: Зебра, Lisa, Бeкo, Драмски и Катна Гаража - Јужен булевар.

Cosmo е ланец на парфимерии како дел од компанијата Тинекс МТ кој започна со работа во 2009год. и нуди широк асортиман на најактуелни производи од реномирани брендови за козметика и убавина. Cоsмо е уникатна продавница за убавина во градот каде што се достапни над 15.000 производи од различни категории како префинети мириси од ексклузивни Niche брендови, парфеми, природна и органска козметика, селективна и декоративна козметика од најпознатите светски козметички куќи и ексклузивен дизајнерски накит од Шпанија и Италија од брендовите Alcozer & J, Daniel Espinosa, Biba, Gregio, Silvex и др.

Ланецот дрогерии Cosmo  денес има 7 дрогерии од кои пет се во Скопје, 1 во Куманово и 1 во Тетово.

Водени од целта на нашите потрошувачи на едно место да им понудиме најпрефинети декорации и мебел за домот кои се разликуваат од обичните предмети за домот, во 2017год. го креиравме концептот Tinex Home. Tinex Home е продавница за брендиран декор, префинети детали и мебел наменети за опремување и збогатување на домот.

Во моментов Tinex Home продавниците се наоѓаат на 3 локации: Т.Ц Зебра Т.Ц Лиса Ул. Даме Груев бр.5 (Градски ѕид)

Daily е урбано место во градот каде ќе можете да го доживеете вистинскиот вкус на вашите омилени јадења и пијалаци. Рестораните Daily Food & Wine нудат едно поинакво гастрономско искуство, богато мени, добра услуга и пријатен амбиент кој ја одразува елеганцијата на секојдневниот животен стил. Уживајте во секој ден со вкусна храна и добро вино!

Daily Food & Wine „Т.Ц Зебра“ - 072 256 100

Daily Food & Wine „Т.Ц Лиса“ - 070 358 500

Игротеката Big Bang е местото каде соништата на вашето дете стануваат реалност. Лоцирана е во трговскиот центар Лиса и е погодна за секаков вид на детски прослави и забави, а редовно се организираат и тематски работилници. Во игротеката има можност за игра ласер таг со закупен термин. Влезете во светот на Big Bang и забавувајте се.

GODI-crno.png

Во стремежот да го надминеме секодневното искуство на купување, со гордост го претставуваме „Retail Park Годи", еден модерен и иновативен простор кој е резултат на нашата инвестициjа во вредност од речиси 3 милиони евра.


Сместен на површина од 7000m2, нуди 245 паркинг места и со отворени нови 150 работни места, во
„Retail Park Godi" има „Super Tinex" и првиот „Tinex
To Go Drive Thru", иновативен сервис коj ви
овозможува нарачка и подигање на храна од возило.
„Годи" нуди продажен простор за 14 бренда, вклучувајќи ги „Mr. Bricolage", „Neptun", „Sport Vision Outlet", „Sport Reality", „Sinsay", „Призма Оптика", „Duki Daso", „Galenium Farm", „Bonatti", „Staedtler", „DM" и „AK CARWASH".

 

Овие брендови обезбедуваат разновидни производи и услуги, што го прави „Retail Park Godi" идеално место за шопинг за целото семество.

Пред самиот крај на 2023 година во семеjството на Тинекс се приклучи сосема нов бренд, продавница SPOT, или како што ние ja доживуваме, „продавница на место".

 

Имено повторно водејќи се од нашата мисија и имајќи го секогаш потрошувачот во фокусот на се она што го имаме создадено и направено до сега, го создадовме новиот концепт на продавници SPOT.


Во SPOT потрошувачите ќе може да си купат вкусен, квалитетен доручек, вкусни сендвичи, свежи пецива, топли тостови, салати и мафини. Да направат пауза од
обврските со пријателите. На пат накај дома да
застанат да испазарат набрзина нешто за дома за да подготват вкусен ручек. Да купат подарок во последен миг, бидејќи немале време или заборавиле да го направат тоа претходно.

 

SPOT е концепт на продавница коа е создадена како одговор на динамичниот начин на живот. 

spot logo-01.png

Наменет за сите возрасни групи со убав елегантен стил,

Т.Ц, Лиса е место за целото семејство. Во склоп на трговскиот центар Лиса се наоѓаат игротека Big Bang, Супер Тинекс маркет, кафетерија To Go, парфимеријата Cosmo, продавница за декорации и мебел Tinex Home, продавница за долна облека Bonatti, оптика „Призма“, аптека Галениум Фарм, мобилара Mobil Elektronik, цвеќара Цветна Бајка и ресторанот Daily Food & Wine.

Трговскиот центар Зебра ги обединува добрата храна, шопингот, забавата и дружењето. Со својата уникатност ги привлекува потрошувачите да уживаат во пазарењето. Во склоп на трговскиот центар Зебра се наоѓаат хемиско чистење 5аSec, менувачница Тинекс, кафетерија  To Go, парфимерија Cosmo, продавница за уредување на домот, Tinex Home, продавница за долна облека Bonatti, ресторан Daily Food & Wine, мобилара Mobil Electronic, Европа, штанд за продажба на накит од Swarovski, бутик за женска облека Глам, штанд Ipanema за продажба на брендот Ipanema , A Court Showroom, автоперална Zebra Carwash, фризерски салон за мажи Jang, аптека Galenium Farm, Miss Spice Accessories, Sara Fashion, Винарија, Hotel Queen's, кафетерија Izzi и бутик за детска облека Wenice.

Tим од професионалци споени на едно место кои се подготвени да одговорат на барањата на поединци и корпорации, бидејќи позитивните искуства на задоволните клиенти се нашиот императив.​

tinex mix.png

Тинекс Микс како дел од Тинекс МТ, нуди прилагодени и специјално дизајнирани решенија за пакување. Со своето искуство во областа на пакувањето, како и со својот професионален тим, стои на располагање за да Ви го понуди најдоброто, најекономичното и естетски најприфатливото решение за безбеден транспорт на стоката од Вашиот магацин до посакуваната дестинација. Богатата референтна листа на која се наоѓаат најголем дел од компаниите од прехранбената, хемиската, фармацевтската, како и од индустријата за производство на вода и сокови во земјава е потврда за квалитетот на понудените производи.

bottom of page